Кого го пушташ во својата душа? Секој минувач, познаник, патник кој поминал низ твојот живот.
Но дали некогаш си ги дознал нивните намери? Зошто се тука? Колку им значиш? Како гледаат на твојот живот и со кои причина поминуваат низ него? Дали некогаш си се запрашал колку луѓе тебе ти го отвориле своето срце и ја разголиле својата душа, колку ти кажале за себеси? Или само си ги пуштил и си рекол нека бидеш што ќе иде. Немој подоцна да зажалиш.
Размисли за тоа кого пушташ во својата душа. Кому му ги откриваш своите најслаби страни, кому му ја покажуваш својата ранливост и му даваш моќ да располага со неа. Доаѓаат мигови кога некоја личност ни доверува своја тајна, ни исповеда некоја интимна случка од својот живот а ние без сомнеж веруваме во нејзината вистинитост и започнуваме да ја отвораме својата душа, започнуваме да нижиме стравови кои не мачат, сомнежи со кои се бориме, соништа кои не издаваат.
Така брзо ги даваме клучевите на нашите внатрешни одаи на некој не прашувајќи што ако нештата се променат, што ако личност покаже некое друго лице. Дали тоа е израз на нашата храброст или лудост? Дали тоа е знак на нашата добрина или наивност? Дали тоа е знак дека го ризикуваме она највредното без оглед на исходот кој ќе се случи. Голема е мудроста на животто да знаеме кому да му ја разголиме својата душа а кому само да му дадеме убав збор, прегратка, бакнеж или некој друг знак на внимание.
Ти не си ја пронашол својата душа на патот и затоа внимавај кого пушташ во неа. Можеш да бидеш близок со некого и без да си му ги кажал своите најдлабоки тајни. Пушти на времето да го направи своето, тоа најдобро ќе ти покаже кој ти е пријател а кој само моментално се прошетал во твојот живот. Пушти различните предизвици и искушенија да ја покажат верноста, тогаш ќе видиш кој ти заминал а кој останал. Научи да се бориш за сбее и за својата душа затоа што тоа е се што имаш, имаш право само на ретките да им го покажеш она кое се наоѓа внатре.