Категории

Ти си прекрасна и заслужуваш вистинска љубов

Ти заслужуваш некој кој нема да сака да те промени, туку ќе те прифати и обожава онаква каква што си. Некој кој ќе го види совршенството во твоето несовршенство.

Ти! Да, ти! Никогаш немој да заборавиш колку си важна.
Ти си прекрасна личност која се грижи за луѓето и заслужува иста такба, посебна и вистинска љубов. Немој да се заљубиш преку глава во некој кој се однесува како да си обична.
Твоето срце можеби е раскинато и твојата душа распарчена, но верувај, ти си силна!
Немој да се задоволуваш со нешто што не заслужуваш, немој да ги вадиш скапоцените камења од сопствената круна.
Заслужуваш некој кој ќе те почитува, ќе се грижи за тебе и ќе те сака. Заслужуваш некој кој ќе те потсетува колку секој дел од тебе е преубав. Некој кој заедно со тебе ќе го гледа ѕвезденото небо под месечината.

Ти заслужуваш некој кој е искрен и никогаш не би го лажеш твоето чисто и недолжно срце.
Ти заслужуваш некој кој нема да сака да те промени, туку ќе те прифати и обожава онаква каква што си. Некој кој ќе го види совршенството во твоето несовршенство.

Заслужуваш еден куп цвеќиња на твојот праг. Заслужуваш утринско кафе во кревет. Заслужуваш чоколада кога си тажна. Заслужуваш да бидеш сакана и среќна.

Заслужуваш некој кој никогаш нема да биде премногу зафатен за да ти одговори на твоите пораки. Некој кој секогаш ќе наоѓа време да те побара само за да ти го чуе гласот. Некој кој ќе ги откаже плановите за своето време да го помине со тебе.

Заслужуваш некој кој нема да замине на спиење лут на тебе. Некој кој ќе ти се извини и ќе те бакне после секоја расправија.
Заслужуваш некој да те гали ноќе. Некој кој ќе се бори за твојата љубов, а не против тебе.
Заслужуваш некој кој ќе ти остава слатки пораки на масата. Некој кој ќе види како понекогаш си во голем неред и поради тоа ќе те сака уште повеќе, а не помалку.

Заслужуваш некој кој ќе биде благодарен за твојата присутност во неговиот живот. Некој кој ќе ја види иднината во твоите очи. Не заслужуваш нечија половична љубов. Заслужуваш некој да те сака безусловно. Некој кој е сигурен и сериозен во врската со тебе и со кого знаеш каде стоиш.

Заслужуваш некој кој ќе ја држи твојата рака и ќе остане со тебе дури и кога сите ќе заминат; Некој кој ќе ти помогне и ќе ти ја понуди својата рака.
Заслужуваш иста врста на љубов каква што им даваш на другите. Заслужуваш вистинска љубов.
Заслужуваш некој кој ќе те сака на начин на кој никогаш не си била сакана.
Заслужуваш некој кој ќе ти го даде сиот свет.