Категории

Ти заслужуваш некој кој мисли дека си премногу важна за те изгуби

Зарем денес тоа стана толку тешко? Зарем повеќе не постојат такви луѓе? Најди некој кој нема да се однесува добро спрема тебе само кога ќе му биде потребно нешто да земе или да има некоја корист од тебе и потоа да те отфрли кога ќе го направи тоа, туку некој кој пред се во тебе ќе гледа личност, вредна личност со сите нејзини чувства и ставови, особа која секогаш ќе внимава да не ги повреди твоите чувства и со крајно внимание и претпазливост ќе пристапува со сите свои чувства и ставови.

Најди некој кој ќе се однесува кон тебе со почит. Некој кој нема само да размислува за бодовите кои ќе ги стекне со тебе, угледот кој ќе му го зголемиш, нема да те посматра како свој плен и навистина ќе ужива во твојата блискост, ќе биде благодарен за неа и ќе ти покажува колку те цени. најди некој со кого секој ден ќе ти биде како празник за душата, во кој секој заеднички миг ќе биде такво богатство што за него никогаш не би замениле ништо друго.


Најди некој кој ќе се однесува спрема тебе со почит. Некој од кого нема никогаш да се откажеш, некој чие лице ќе биде истото како оној ден кога за прв пат сте се сретнале. Некој кој во секој миг ќе ти биде рамо за плачење, најдобар пријател, сојузник, советник и друштво.

Некој кој ќе мисли дека си премногу важна личност во неговиот живот и никогаш нема да дозволи да направи нешто поради кое ќе те изгуби. Некој кој ќе ти помогне да станеш личност каква што посакуваш да биде, кој ќе ти биде поддршка и кога ќе правиш грешки и кој нема да зборува нешта позади твојот грб кои не ти ги зборува во лице.
Занемари се друго, таквата личност ти е доволна, се друго е лажно.

Прегледи:
555
Објавено на:
26.12.2020