Категории

Тимот на Вардар сепак ќе пристигне во Скопје во 18.50 часот. Сите на плоштад!

Се славеше во Келн до ситните часови. Сега е време хероите на нацијата, ракометарите на Вардар да ја поделат радоста со илјадниците навивачи кои ќе ги окупираат скопските улици и плоштадот. 

Со чартер лет наместо на полноќ, Вардарци ќе пристигнат во 18.50 на скопскиот аеродром, по што ќе се упатат на плоштадот Македонија каде што ќе им биде организиран пречек за прославување на шампионската титула!

Подгответе се, одиме сите на плоштад!