Категории

Тој ја знаел секоја тајна на човечката душа: Карл Јунг вели дека среќата лежи во овие 5 нешта!

„Сите ние сме лебдечко зло. Јас не сум она што ме направил животот, туку она што сум сакал да станам“, рекол Јунг во едно интервју.

Прочуениот доктор знаел дека луѓето се еднакво способни за ужасни и за одлични нешта. Верувал дека личноста може да ги сфати сопствените надежи и соништа преку индивидуализација, а овој интересен концепт е тесно поврзан со значењето кое доктор Јунг го сместил во коцептот среќа.

Верувал дека индивидуализацијата е процес кој доведува до остварување на менталната слобода. Таква слобода ни дозволува да живееме без страв или анксиозност, и да станеме холистик кој нема потреба ништо да крие.

Тогаш ќе се манифестира и вашето несвесно, дозволувајќи ви да ги видите појасно сопствените цели.

Ова е неговата листа на 5 нешта кои човекот го прават среќен:

1. Силно физичко и ментално здравје

Јунг не верувал дека главната цел на психологијата е лечење на менталните пореметувања, туку на неа гледал како на инструмент за самопрепознавање, јасна дефиниција на сопствените цели и знаења. За него, клуч на среќата е и физичкото здравје. Кај него овие два концепти се неразделни.

2. Здрава врска

Да живееш изолирано од другите луѓе е погрешно. Секому му е потребно внимание, пријателство, сигурност и љубов. Мора со некого да комуницирате, делите, ширите видици, да се грижите за некого и некој да се грижи за вас… Без тоа нема среќа.

3. Способност да ја препознаете убавината на уметноста и природата

Креативните личности ги ставаат своите емоции, креативност, идеали, иновации и вештини во работите кои настануваат од нивната фантазија, и тоа е она што Јунг го нарекува колективна несвесност. Мора да бидете свесни да цените сѐ што ве восхитува, носи задоволство и ве прави среќни. Истото важи и за способноста да ја цените природата. Сите ние сме деца на природата. Секое суштество и место на планетата може да ни даде важно знаење, само треба да знаете каде да гледате.

4. Верувајте во нешто

Според Карл Јунг, среќата е невозможна без духовна исполнетост. Не е важно дали станува збор за религија или филозофија, туку поентата е дека вербата во нешто може да биде основа на вашата добра состојба. Вербата дава значење и го продлабочува секое искуство, а вашето постоење го исполнува со смисла и цел.

5. Интересна работа

Јунг многу говорел за тоа дека во детството сакал да биде археолог. Животот сепак го однел кон медицината, а потоа се одлучил за психијатрија. Во душата засекогаш останал антрополог, па секогаш копал што подлабоко по душата на човекот.

Колку ќе ви биде инетересна работата не зависи секогаш од вас, но ако направите вистински одлуки во кариерата кои ве водат кон вашите цели, тогаш пронаоѓањето на работа која ја сакате ќе ви биде лесно.

Прегледи:
690
Објавено на:
26.12.2019