Категории

Топлите ролки се омилено модно парче оваа зима, еве зошто

Кога станува збор за нашата есенска и зимска облека, има парчиња кои ние само ги обновуваме од сезона во сезона, сметајќи ги како класика која е незаменлива. Кога станува збор за зимска облека, дефинитивно неизбежни, а во последно време омилени се ролките.

Оваа сезона, ролките се најдоа во фокусот на модниот интерес, токму затоа што тие едноставно се комбинираат во сите стилови и се носат скоро во секоја пригода.

Сега ќе ги гледаме во малку поедноставни, класични варијанти, а за похрабрите ќе има поголеми ролки како и во светли бои со необични ракави кои секој изглед ќе го зачинат на посебен начин.

Ролките совршено се комбинираат со фармерки, како и мини и миди здолништа, а можат да се носат дури и под јакна, така што со нив ќе можете да направите многу интересни комбинации што ќе ги носите во текот на целата зима.

 

Прегледи:
723
Објавено на:
23.11.2019