Последниве два месеци од 2017 за поголем дел од хороскопските знаци нема да бидат воопшто забавни, ги чека многу работа, стрес и неуспешни ветувања.
Но доколку пак спаѓате во некои од овие три знаци, тоа воопшто нема потреба да ве загрижува бидејќи пред вас е период од соништата, посебно кога станува збор за љубовта.
Бик
После неколку страсни месеци, конечно ќе можете да уживате ви животот и да дишете со полни бели дробови, бидејќи некои работи конечно ќе се средат. Тоа значи дека некои луѓе ќе мора да ги оставите во минатотот, но и самите знаете дека таму им е местото. За среќа набрзо ќе се појави личност која ќе ја исполни празнината во вашето срце. Пробајте во ноември, а посебно во декември, помалку да седите дома, а повеќе да присуствувате на забавни случувања бидејќи звездите ви подготвиле убаво познанство. Со насмевка на лицето подгответете се за добра забава.
Скорпија
За вас ладните денови се многу погодни, ретки се тие припадници на овој знак кои уживаат во летните месеци. Го саакате мирисот на зимата кој почнува да се чувствува е синоним за романтика и во такво расположение ќе бидете во наредниот период, а и долго после Нова година.
За припадниците на овој знак кои се слободни, втората половина на декември им носи многу интересни познанства, воглавно преку работата. Меѓу тие луѓе ќе се најде и една посебна личност, а вие треба да одлучите дали тоа ќе биде личноста која ќе ја бакнувате за Нова година. Звездите кажуваат дека треба да и дадете шанса.
Девица
Овие 2 месеци ѕвездите се така наместени што ви носат преубави случувања на љубовен план и потенцијален партнер за на долги стази. Важно е само да излезете од апатијата во која сте западнале, во спротивно ќе пропуштите животна шанса.
Извор : Бркајработа.мк