Преполно со антиоксиданси, кафето може да се бори против стареењето на кожата така што ги елиминира токсините и го штити од неповолното влијание на слободните радикали
Лице
За да направите маска која ќе го успори прераното стареење на кожата, потребно е да помешате две лажици мелено кафе со две лажици какао, три лажици полномасно млеко и една лажица мед. Нанесете тенок слој од оваа маска за лице и почекајте 15 минути па отстранете ја со топол пешкир. Маската можете да ја нанесувате секој втор ден.
Коса
Кафето не само што и помага на вашата коса да стане свиленкасто мазна туку исто така може да влијае врз нејзиното брзо растење и здравје на косата.
Сварете шолја силно кафе и додадете 100мл вода. Почекајте смесата да се излади (потребно е да биде млака), па прелијте ја преку косата. Косата завиткајте ја во пластична кеса па после 20 минути исплакнете со топла вода.
Тело
Како што веќе ви е познато, кафето е диуретик, така што кога ќе го нанесете на кожата, тоа може да и „извлечи“ течностите од масните ќелии што доаѓа до нивно насобирање и привремено смалување на појавата на целулит.
Една шолја мелено кафе темелно измешајте го со шолја кафеав или бел шеќер и една шолја кокосово масло. После туширање, добиениот пилиг нанесете го на подрачјето опфатено со целулит (тријте со кружни движења неколку минути) и после тоа исплакнете со топла вода.