Категории

Трик: Осветлете ја косата без фарбање

Хидроген-пероксидот може постепено да ја осветли косата за неколку нијанси


Сакате да ја осветлите косата без да се исфарбате? Со употреба на хидроген-пероксид (3% хидроген) можете постепено да ја осветлите косата за неколку нијанси.

Во шишенце со пумпица измешајте ја оваа врста на хидроген со вода во размер 1:1.
Напрскајте ја косата со растворот и добро исчешлајте за да се распореди по влакната рамномерно, а потоа исушете ја косата по природен пат. Доколку постапката ја повторите неколку пати по ред, вашата коса постепено ќе стане посветла.

Прегледи:
1041
Објавено на:
24.10.2019