Категории

Трикови кои секоја жена ќе сака да ги примени на својата коса

Шампоните за суво миење на косата одговараат апсолутно на сите типови на коса и не ви е потребно некое посебно упатство за нивно користење.

 

Меѓутоа, доколку припаѓате на групата на луѓе кои не го признаваат овој производ или едноставно можеби и понатаму грешите при неговата употреба, па поради тоа не го користите, ви откриваме трикови поради кои овој производ секогаш ќе биде во вашата чанта.

За поубава коса

За да добие косата густина и дебелина, шампоните во спреј прилично помагаат околу тоа. Овие шампони ја апсорбираат маснотијата на косата и ја прават мека. За да го нанесете правилно шампонот, одвојувајте ја косата дел по дел и нанесувајте го спрејот од врвт кон дното, но само на половина влакно. Потоа расчешлајте ја или поминете со фен низ косата.

Пудра за масна коса

За малку погруба и масна коса важат поинакви правила, како пудра за коса, која е сува и содржи концентрат. Затоа, доколку имате масна коса и не сте задоволни со резултатите од шампонот во спреј, најдобар избор за вас е шампонот за суво миење во шише.

Не ставајте лак премногу блиску до косата

Десетина центиметри од главата е најдобро правило, кога станува збор за сите спрејови.

По вежбањето

По вежбањето, доколку немате време да ја миете и сушите косата (како што најчесто немаме), а косата е влажна, козметичкиот производ кој може да ви помогне во оваа ситуација е пудрата за коса. Спрејот, во оваа специфична ситуација може да нема ефект, но пудрата е идеална, поради својата густина и моќ на апсорпција. Нанесете пудра на косата, натапкајте ја со прстите и протресете ја главата. Но, доколку имате феен при рака, по нанесувањето на пудрата најдобро е да поминете со фен низ косата.

За текстура и волумен

Ако имате рамна и безживотна коса, една од најдобрите работи што можете да ја направите за да и внесете живот и волумен, е да нанесете малку шампон за суво миење на чиста и исфенирана коса.

Прегледи:
419
Објавено на:
19.06.2018