Категории

Трикови за коса како на супермодел

Доколку сакате вашата коса да изгледа како онаа на супермоделите, тогаш потребно е да се придржувате кон неколку правила кои ќе направат таа да биде убава и негувана.

 

Факт е дека тие посветуваат особена грижа и користат број и производи кои прават таа да изгледа здраво и сјајно, а во што се крие тајната ќе ви откриеме ние.

Вистинска фризура – многу е важно да ја пронајдете вашата идеална фризура која ќе одговара на вашиот облик на лице. Моделите најчесто носат фризура скратена на делови што секогаш им дава погуст и волуменозен изглед на косата.

Избор на боја – како што е важна формата исто така е важна и бојата на косата. Природната боја е секогаш најдобриот избор, но доколку сакате да направите промена и да пробате нешто ново тогаш обидете се да ги пронајдете вистинските нијанси кои ќе одговараат на вашиот тен. Секогаш е подобро да комбинирате повеќе нијанси на кафеава или плава.

Совршен патец на косата – точно е дека на секое лице одговара различен патец на косата. На некои подобро им стои патец на средина на главата додека на некои им стои на едната страна. Пробајте повеќе варијанти се додека не го пронајдете идеалниот.

Дајте и одмор на косата – не е добро да ја третирате вашата коса со премногу препарати. Не користете спреј за зацврстување на косата и пена истовремено како и да ја сушите со фен па потоа да користите пегла или фигаро. Оставете вашата коса кога е влажна да се суши природно.

Мијте ја косата максимум 3-4 пати во неделата – доколку таа ви дозволува можете да ја миете и поретко. Внимавајте да користите благи шампони и регенератори кои нема да ја исушат ниту премногу да ја измастат и оштетат вашата коса. Прво нанесувајте го регенераторот на мокра коса па после плакнењето нанесувајте го шампонот. Тоа ќе направи вашата коса да ја прими потребната влажност и да спречи шампонот да ги искупа врвовите.

Прегледи:
480
Објавено на:
12.09.2017