Планетарно познатата пејачка Пинк, го прекина својот концерт кој се одржа во понеделникот, за да го прегрне девојчето во публиката чија мајка неодамна починала.
Лија Марфи и нејзината мајка планирале да одат заедно на концерт, но нејзината мајка починала пред да успеат да ја остварат својата желба. Девојката на концертот дошла со својата тетка која и помогнала да направи постер на кој пишува дека се надева дека пејачката ќе го забележи.
Откако Пинк го забележала постерот, се симнала од бината прегрнувајќи ја девојката и велејќи и дека се ќе биде во ред, а присутната публика со аплауз го поддржала овој гест.