Категории

Трогателна приказна која ќе ве научи дека не треба да им судите на луѓето

Во човечката природа е постојано да донесуваме заклучоци за другите луѓе без да знаеме сè за нив или без да ја знаеме причината за нивното однесување. Сигурно сте чуле повеќе пати дека не треба никому да му се суди, но сепак тоа е навика од која тешко е да се ослободите. Никогаш не треба им судиме на другите луѓе пред сè затоа што никогаш не можеме да ги знаеме сите детали, а и луѓето самите честопати кријат или додаваат одредени ситници кои немаат никаква врска со вистината. Оваа приказна ќе ве увери во тоа дека не треба никогаш да ги осудувате луѓето, за и тие да не ве осудуваат вас на истиот начин.

Постар човек влегол во воз со неговиот 25-годишен син и седнале на нивните седишта. Младиот човек седнал покрај прозорецот, а татко му до него. Само што возот тргнал, момчето ја извадило раката низ прозорецот за да го почувствува струењето на воздухот и возбудено викнало:

Тато, гледаш ли како сите дрвја одат наназад!“

Постариот човек на тоа само се насмевнал. Покрај младиот човек седел еден брачен пар. Тие биле малку збунети од тоа што 25-годишен младич се однесува како мало дете. Одеднаш младиот човек повторно извикал воодушевено:

Тато, ги гледаш ли животните, езерото… Облаците патуваат заедно со возот!“

Сакајќи некако да помогне, брачниот пар го прашал постариот маж:

Зошто не го однесете синот во некоја клиника на консултација?“

Постариот човек одговорил:

Само што излеговме од клиника. Денес мојот син за прв пат во животот прогледа.“

Прегледи:
409
Објавено на:
30.05.2016