Интересна трансформација од црква во прекрасна модерна куќа. Локацијата е во Чикако, а Linc Thelen Design ја имаат изведено, со помош на Scrafano Architects
Куќата сега има седум спални соби и шест бањи, таваните се високи дури 7,6 метри, што го прави овој простор необичен и воедно прекрасен. Сите соби се во елегантно бела боја, со посебни уникатни детали.
Овој дом има камбанарија, ѕид со цигли кој е оставен во неговата првична форма. Исто така, останати се оргиналните витражни стакла, кои ја покажуваат историјата на објектот. Со комбинацијата на традиционалните делови, со тренди елементи, добиваме навистина прекрасен дом.