Категории

Цветот кој жеднеел за две капки вода – Стара мудрост со важна поука

Земјата била погодена од голема суша. Тревата најпрво станала жолта, а потоа избледела. Грмушките и помеките дрвја почнале да венеат. Ниту една капка дожд не паднала долго време, а утрата биле без роса и освежување.
Изумреле многу мали и големи животни. Малкумина биле во можност да избегаат од пустината што проголта сè. Сушата од ден на ден станувала се поопасна. Лисјата почнале да се сушат дури и оние со силни и стари дрвја, чии корени достигале длабоко во земјата. Сите извори и бунари се исушиле. Само еден цвет останал жив, бидејќи блискиот извор му давал неколку капки вода. Но, дури и тој извор очајувал: „Сè пресуши, сè умира. Што можам да направам со овие две капки? “

Во близина имало големо и силно дрво, го чуло изворот како тажи и пред и самото да се исуши му рекло:
„Никој не ве прашува да ја натопите целата пустина, ваша задача е да го одржите овој цвет жив. Ништо повеќе.”

Сите сме одговорни за некое цвеќе, но го забораваме жалејќи се за сè што не можеме да сториме.

Прегледи:
674
Објавено на:
24.01.2021