Категории

Твоето срце е сега скршено – Но верувај ти ќе се заљубиш пак

Ти ќе сакаш повторно. Ќе се заљубиш повторно иако неговите зборови сега танцуваат во твојата глава. Ти ќе сакаш повторно и покрај тоа што ти вети засекогаш и сепак замина.
Ти ќе засакаш повторно иако твоето срце потскокнува да споменувањето на неговото име.

Затоа што постои едно лудо нешто за љубовта, а тоа е дека секогаш се враќа назад.

Можеби нема да успееш да ја препознаеш веднаш. Можеби ќе се врати облечена во различни коски. Љубовта се враќа назад држејќи те во други прегратки. Љубовта се враќа назад со поинаква боја на очи. Понекогаш го прави тоа кога не си подготвен.

Таа се враќа назад изговарајќи ги зборовите „Те сакам“ со глас кој не си го чул претходно. Но овој пат тој глас ќе го докаже тоа и со своите дела, и ќе ти ги покаже сите различни начини на кои ти припаѓа само тебе.
Љубовта доаѓа со раце во кои ќе научиш да се враќаш повторно и повторно.

Можеби сето ова во овој миг ти делува бесмислено и не ти значи ништо. Знам дека не успева да го поправи твоето скршено срце и тоа сеуште толку силно боли.
Знам колку е тешко да се ослободиш од спомените и да продолжиш напред. Но тоа е единствениот начин да ја повикаш љубовта повторно да дојде кај тебе.

Ако ризикуваш да не заминеш, ќе ја пропуштиш шансата да запознаеш нова љубов повторно. Се држиш себеси заглавен во нешто кое не е судено да биде.
Затоа и колку да боли, верувај дека таму некаде те очекува сосема нова љубов која овој пат ќе дојде и ќе остане.