Категории

Твоите чувства не се нешто од кое треба да се срамиш и да го сокриваш

Твоите чувста се нешто вистинско и прекрасно. Не треба да се срамиш да ги искажеш дури и ако наидеш на осудување.

Немој да дозволиш никој да те убедува дека не треба да се чувствуваш онака како што се чувствуваш. Твоите чувства се вистински и се нешто кое треба да биде ценето и вреднувано. Во овој свет каде што владее студенилото и рамнодушноста, да се има чувства спрема некого е вистински драгоцено нешто.

Тие чувства не те прават слаб, нити премногу чувствителен и здодевен.
Тие те прават силен, храбар и прекрасен. Ти не си создаден од лед, со причина си се родил со тоа срце кое ти бие во градите – а неговата најголема задача е да сака.