Категории

Твојата сродна душа постои и ќе те пронајде – верувај во Божјиот план

„Отсекогаш верував дека навистина постои личност која е предодредена за секој од нас – таа личност која ќе остане без оглед на се и со која ќе можеме да го поминеме остатокот од својот живот“

„Всушност, јас секогаш сум верувала дека Бог има планови за сите нас и ако тој ми испрати некоја личност за која ќе сметам дека е таа вистинската, треба да се борам за неа без оглед на се, заедно ќе треба да се трудиме, да се сакаме, почитуваме и да го правиме она што не прави среќни.
Но понекогаш, тоа не функционира потполно така. Научив дека без оглед на тоа колку и да се трудиме односите да функционираат, колку и двата да даваме се од нас, ако нештото не оди, тогаш треба да се помириме со вистната. Мислам дека сме испратени еден на друг само за да бидеме искуство за тоа како треба да постапуваме во иднина.

Јас сум тип на личност која дава се од себе за тој што го сака дури и ако односот не е повеќе добар ни за мене ни за мојот партнер. Јас и понатаму се обидувам да пронајдам решение и начини како да ги исправам грешките и како да опстанеме, но всушност никогаш не сум гледала колку со тоа си нанесувам болка на себеси а како мојот партнер пропаѓа.
Да, велат дека љубовта би требала да биде доволна кога си со вистинската личност, личноста кја Бог ја има предодредено за тебе.
Јас навистина верувам дека она што Бог го има испратено за нас, нема никогаш да ни го одземе. Како што веќе споменав, тоа е таа личност која е предодредена за нас. Тој би можел да биде негде позади улицата, можеби веќе си го запознала а можеби и не. Јас цврсто верувам дека Бог веќе испланирал се за нас. Само мораме да продолжиме со потрагата и да веруваме дека токму таа личност ќе биде идеалната за нас.
Можеби всушност сега таа личност чека ти да ја завршиш врската со цел таа конечно да влезе во твојот живот.
Не верувам во случајности и сметам дека секоја личност која влегува во нашиот живот има своја цел. Или нешто ќе не научи или ќе не зацврсти или едноставно ќе не разочара. Без обзир на тоа колку далеку таа личност се наоѓа, таа секогаш ќе го пронајде патот до тебе.
Затоа не заборавај, ако си во врска која не те усреќува, ако партнерот те оставил, си заминал или ти си го оставила него, тогаш таа личност не е судена да биде покрај тебе, а со разделбата само го отвораш патот на тој кој треба да пристигне. Затоа што Бог има план за сите нас. А таа личност ќе биде вредна за болката, за сите солзи и тага што си ги доживеала до сега и низ се што си прошла. Затоа што таа личност ќе ти покаже што е вистинска среќа и мир.
За сега, само моли за  „тоа“. Тој сигурно ќе дојде во совршениот момент за тебе!“