Ова се прекрасните зборови на убавата Бела и паметната Хермиона, која веќе успеа да стане амбасадорка за добра волја на Обединетите нации за женски права.
Верувајте, убавината не значи долга коса, витки нозе, исончан тен и убави заби. Убавината е лицето на онаа личност која предмалку плачеше и наеднаш почна да се смее. Убавината е лузната на коленото која останала од падот во детството. Убавината се подочниците кои ги имате бидејќи не сте можеле да спиете затоа што сте вљубени.
Убавината е изразот на лицето на оној кој само што го разбудил будилникот, таа е размачканата шминка под тушот, тоа е кога се смееш на шегата која само ти ја разбираш. Убавината се брчките кои ги нацртало времето.
Убавината е она што го чувствуваме однатре и како тоа нѐ менува однадвор. Убавината се сите траги кои животот ги остава, сите удари и бакнежи кои ни остануваат во сеќавање.
Ема Вотсон