Категории

Улична фотографија низ времето – фотографија за секоја година од 1838 до 2019

Јутјуберот Гај Џоунс го создаде ова 20-минутно видео, кое ни нуди кратка историја на уличната фотографија. Тоа е фактички слајд шоу од 182 слики – по една слика за секоја година од 1838 до 2019 година.

Видеото започнува во 1838 бидејќи тоа е годината во која пионерот на форографијата, Луи Дагер, ја сликал првата фотографија која што вклучува жив човек во неа. Кратка историја за таа фотографија: Дагер сакал да го фотографира Boulevard du Temple во Парис, и сликал со долга експозиција од 10 минути, што значи дека сите движечки објекти, како луѓе и кочии, ги снемало од сликата. Меѓутоа, во тие 10 минути човекот кој е на фотографијата стоел мирен само поради што му се чистеле чевлите во тој момент! Па така, по грешка ова е првата фотографија на која што има човек.

Да се вратиме на видеото – започнува во 1838 и покажува како светот се трансформирал низ овие 182 фотографии.

Прегледи:
659
Категории:
Видео
Објавено на:
22.07.2020