Категории

Уметник кој создава единствени мурали посветени на детството (ГАЛЕРИЈА)

Сет Глоубпејнтер (чие вистинско име е Џулиен Маланд) е француски уметник кој е заслужен за интересните инсталации инспирирани од невиноста на детството.

Тој верува дека децата во себе и понатаму го имаат она што е потребно за да го видат светот надвор од очигледното. Со сигурност можеме да кажеме дека неговата уметност влијае емотивно врз набљудувачот, а во тоа може да се уверите во продолжение.