Категории

Уметник на магичен начин преку илустрации ги прикажува љубовните емоции! (ФОТО)

Вљубувањето е магично чувство. Во него постојат безброј емоции кои никогаш не може да се објаснат комплетно. Тоа е поентата на љубовта – од пеперутки во стомакот до магична врска со друга личност. Едно е сигурно – тоа е најубавото чувство во светот, особено ако е обострано.

Хеонг Јеоунг е корејски уметник кој преку илустрации ја доловува љубовта токму онаква каква што треба да биде – со среќен крај. Користејќи одлични техники создаде низа илустрации кои ќе ве разнежнат.