Категории

Уметник со аутизам црта цели градови користејќи ја само својата меморија

Дијагностициран со аутизам на возраст од три години, Стефан Вилтшир не зборувал сѐ до 7-годишна возраст. Сега, тој црта цели градови единствено користејќи ја својата меморија.

По само едно возење со хеликоптер над Сингапур, тој ги поминал следните пет денови цртајќи го градот сѐ до најмали детали – целосно само преку својата меморија. Иако, кога имал само три години докторите го дијагностицирале со аутизам, денес на 45-годишна возраст брилијантниот Вилтшир го освојува светот со својата уметност.

Стефан Вилтшир е еден од најпознатите Британски уметници. За неговите дела има листи на чекање од четири до осум месеци, а видеата на кои се прикажува неговото цртање се распространети насекаде низ светот.

Подоцна, тој започнал да црта здради кои ги гледал низ Лондон со импресивни детали. Неговата постара сестра, Анет, го носела на прошетки низ градот за тој да има можност да ги разгледува градбите воочувајќи го секој детал.

На 8-годишна возраст тој добил признание од британскиот премиер. Зборовите не излегувале лесно од него сѐ до следната година, а веќе на 13 години ја објавил првата книга со цртежи. Стефан бил прикажуван и на телевизиските емисии и документарци.