Томас Дамбо создава џиновски дрвени тролови насекаде околу светот и ги крие во дивината и шумите. На овој начин се надева дека ќе ги оттргне луѓето од компјутерските екрани, а ќе ги натера да уживаат во природата. Сите огромни дела ги создава од рециклиран материјал за да го демонстрира потенцијалот на овој скапоцен материјал, кој честопати е занемарен и наместо да се употреби претставува закана за природата.
Ова се неколку факти за работата на Дамбо:
- Висината на седум тролови изнесува од 7 до 18 метри. Кулата е 17 метри.
- На Дамбо и неговата екипа од 15 луѓе им биле потребни околу 25 недели да ги создадат градбите.
- Дрвото најчесто е од стари полици од супермаркети, палети и гранки паднати од дрвјата.
- Лоцирани се во Белгиската шума.