Категории

Урнебесно: Преслатко куче не сака да се оддели од својот стап

(ВИДЕО) Кучињата сакаат стапови. Кога сопствениците ги фрлаат, сакаат да ги донесат, а сакаат и да ги грицкаат. Францускиот булдог Хенри е едно од тие кучиња, сепак, тој е и многу тврдоглав. Тој не се разликува премногу од другите и секако не е единственото куче кое сака да ги носи стаповите што ќе ги најде надвор.

Сепак, Хенри инсистира на невозможното.

На видеото објавено на социјалната мрежа Инстаграм се гледа како овој пресимпатичен буко се обидува да му внесе огромен стап во автомобилот на својот сопственик и да го понесе со себе дома.

Иако сопственикот постојано му кажувал дека не може да го однесе дома, Хенри сепак извесно време останал доследен на својата намера. Со тешко срце ја прифати суровата вистина и се повлече од автомобилот, но сепак не го испушти стапот.

 

Прегледи:
468
Објавено на:
05.12.2021