Кафулињата и рестораните во Скопје отсекогаш биле важни места за собирање. Луѓето во нив доаѓаат не само за да јадат, туку и за да уживаат во друштвото, атмосферата и забавата.
Во нашиот град ќе најдете многу ресторани кои приготвуваат специјалитети од националната кујна, но исто така и ресторани кои нудат италијанска, француска, грчка, шпанска, кинеска, индиска и многу други кујни ценети ширум светот. Но, сепак ќе се сложиме дека идеално решение е ресторан со кујна која опфаќа разновидни специјалитети прилагодени за нашето поднебје.
View this post on Instagram
Познатиот ресторан Astera Lounge Bar & Kids Club го нуди токму тоа, но се грижи и за удобниот престој на децата во него. Од неодамна Астера го реновираше својот ентериер внесувајќи свежина и уште попријатна атмосфера, а на менито ќе ги најдете сите ваши омилени јадења и пијалаци приготвени од врвни мајстори. Она што е особено интересно за овој ресторан е изборот на специјалитети во секој од деновите во неделата со промотивно намаление од -20%.
View this post on Instagram
Честопати не можеме да се одлучиме што сакаме да јадеме, па затоа Астера ви помагаат околу изборот. Тестенини, рижото, морска храна, месо, пици, пастрмајлии се само дел од богатото мени на овој ресторан кој нуди забава за целото семејство.
View this post on Instagram
Во склоп на Астера се наоѓа и детската игротека, опремена во највисоки стандарди исполнувајќи ги сите потреби на децата за безгрижна игра под видео надзор за да бидете релаксирани додека уживате во храната, пијалаците и атмосферата на Астера. Игротеката работи преку целата година и е совршена за одржување на родендените на вашите деца.
View this post on Instagram
За декемвриските студени денови Астера е идеалното топло катче за возрасните и најмладите. Посетете го овој поинаков ресторан и уживајте во интимноста, пријатната атмосфера и одличната храна која се приготвува тука.