Категории

Вака се сака жената која поминала низ пекол

Ако не сте силна личност, не би требало да се обидувате да сакате ваква жена, морате да бидете трпеливи и флексибилни. Ако не сте одлучни тогаш немојте ниту да се обидувате. Ќе направите полошо.

[adrotate banner=”30″]

Како да сакате жена која поминала низ пеколот и назад? Само неколкумина успеваат во тоа, но поголемиот дел не.
Ако не сте силна личност, не би требало да се обидувате да сакате ваква жена, морате да бидете трпеливи и еластични. Ако не сте одлучни тогаш немојте нити да се обидувате. Ќе направите полошо.

[adrotate banner=”32″]

Жената која поминала низ пекол е контрадикција, понекогаш е нежна а понекогаш е жестока. Таа ќе ве турне кога ќе се обидете да и се доближите. Непредвидлива е и морате да бидете спремни на ритамот.
Сакајте ја кога е нежна и чувствителна, но сакајте ја уште повеќе кога е бесна.
Таа сака простор само за неа, но исто сака да и бидете блиску. Жената која поминала низ пекол не знае како да пронајде рамнотежа. Помогнете и. Држете ја кога ќе и затребате и дајте и независност кога тврди дека не и треба. Дајте и до знаење дека сте тука, но немојте да ја гушите. Потсетувајте ја дека е сакана, секогаш. Поминувајте со пристите низ нејзината коса и шепотете и го тоа на нејзиното уво.

[adrotate banner=”28″]

Таа е будна во ноќите, додека вие спиете покрај неа. Обидувајќи се да ги надвладее сопствените демони во нејзиниот ум и да пронајде мир за да биде со вас. Сака да има контрола, но не може да дојде до неа.
Таа сака да биде храбра, да се соочи со светот со подигната глава но не е секогаш доволно силна. Ако изгледа преплашено, држете ја цврсто, ако ве оттурне, држете ја уште поцврсто.

Таа се прашува дали е доволна. Се прашува дали е премногу. Оваа жена која поминала низ пекол не знае да пронајде рамнотежа, затоа помагајте и, чувајте ја и сакајте ја.
Кога се смее, светлината зрачи длабоко во неа, но кога е тажна, темен облак се надвиснува над неа. Сакајте ја секогаш, покажете и што е безусловна љубов.

Ако можете да ја сакате оваа жена низ добри и низ лоши времиња, таа ќе расте и ќе го пронајде својот баланс. Таа ќе биде силна жена која секогаш ќе ве сака. Само запомнете, кога не знае како да ви ја покаже љубовта, вие покажете и ја први, и таа ќе ве следи.

Прегледи:
599
Објавено на:
12.01.2020