Категории

ВАШИОТ УСПЕХ ВО СЕКОЈА СИТУАЦИЈА ЗАВИСИ ОД ОВИЕ ТРИ РАБОТИ

Сите знаеме дека самодовербата е една од најважните особини, но дали е доволна за да постигнете успех на секое поле, особено во кариерата? Погледнете ги останатите три работи кои ќе ви помогнат да станете подобри и поуспешни.

Ејми Кади, психолог од Харвард, е позната по својата „моќна поза“, за која зборуваше на TED во 2012 година. Со оваа поза, го прифаќате говорот на телото на моќните луѓе, и со тоа се чувствувате и се однесувате посамоуверено. Но, „моќната поза“ е само еден начин за да стигнете до смирената самодоверба која ќе ви помогне да се справите со предизвикувачките ситуации. Друга важна работа е присутноста. Кога сте присутни, вие сте способни да го изразите вашиот целосен потенцијал и да им пријдете на предизвиците без чувство на закана. Без разлика дали имате интервју за работа или сакате да отворите start-up, луѓето можат да забележат дали сте присутни, и имаат позитивно мислење за вас доколку сте. Погледнете кои три работи се најважни доколку сакате да успеете на секое поле, особено во кариерата.

Си верувате на сопствената приказна

Кога сте присутни, покажувате убедување и страст, па и останатите веруваат во вашата приказна. Кади направила истражување во кое учесниците минувале низ лажни интервјуа. За пет минути, тие морале да го убедат водителот на интервјуто дека тие се вистинската личност за работата, но не смееле да лажат. За сето тоа време, водителот на интервјуто имал целосно неутрален израз. Три независни парови на судии гледале видеа од интервјуата, барајќи присуство, искреност и можност за вработување. Секако, интервјуираните кои биле повеќе присутни биле оценети како поискрени и попогодни за вработување. Присутноста била важна за судиите затоа што таа сигнализира автентичност, верност и искреност; таа им кажува на судиите дека можат да ѝ веруваат на таа личност, дека она што го гледаат е вистинито.

1 2

Прегледи:
724
Објавено на:
23.03.2016