Категории

ВАШИОТ УСПЕХ ВО СЕКОЈА СИТУАЦИЈА ЗАВИСИ ОД ОВИЕ ТРИ РАБОТИ

Самоуверени сте без да бидете арогантни

Не мора постојано да бидете премногу енергични и да се согласувате со сè, затоа што така ќе изгледате наметливи, па дури и по малку агресивни. Никој не очекува од вас да ги имате одговорите на сите прашања. Всушност, најчесто другите не ни сакаат да ги имате одговорите на сите прашања.

Важно е да бидете отворени за фидбек. Колку повеќе се затворате пред другите луѓе и нивните мислења, толку помалку сте привлечни. Ова е така затоа што изгледате како да криете некое чувство на несигурност. Вистинската самоуверена личност не е арогантна, затоа што ароганцијата е само заштитен параван од несигурноста. Самоуверената личност е отворена кон другите и кон нивните мислења, и ги интегрира нивните ставови за општото добро.

Вашата вербална и невербална комуникација се синхронизирани

Кога не сте автентични – или кога намерно го лажете некој – Кади вели дека вашата вербална и невербална комуникација не се согласни. Таа објаснува дека ова е така затоа што постојано се трудиме да го приспособиме она што го зборуваме со она што го правиме за да изгледаме како што другите сакаат да не видат.

Од друга страна, ако сте присутни, вашето вербално и невербално однесување се поклопуваат. Луѓето не се обидуваат да откријат што не е во ред и што изгледа лажно во комуникацијата, па така се повеќе концентрирани на она што го кажувате и повеќе ви веруваат. На крајот на краиштата, ако вие верувате во себеси, веројатно е и другите да веруваат во вас. Не мора да значи дека ќе ја добиете работата или парите на инвеститорите, но ќе си заминете знаејќи дека сте дале сè од себе – и вистинската можност ве чека таму некаде.

1 2

Прегледи:
725
Објавено на:
23.03.2016