Категории

Ве мачи целулитот? Ова е најдоброто решение со видливи резултати уште по првиот третман!

Речиси сите жени имаат проблем со здодевниот целулит кој постојано се појавува на женското тело. Некои жени не го сметаат за естетски проблем и не се грижат што го имаат, но сепак многу повеќе од нив го сметаат за голем проблем и се трудат да го отстранат негувајќи го телото и грижејќи се за него.

Се обидовте со сите природни методи против целулит и слушате различни совети, но сепак ништо. Тој сѐ уште е тука! Вистинско време е да започнете да размислувате за правилната нега на своето тело и довербата да ја препуштите на студиото за убавина La Sensa преку топењето на масните наслаги со кавитација.

Антицелулитна масажа со термозагревачка крема во комбинација со 3Д Кавитација или ултразвучни радио бранови кои длабоко продираат во ткивото на мускулот и го разградуваат целулитот и ги топат масните наслаги.

Што е кавитација?

Кавитацијата е неинвазивен, потполно безбеден и безболен третман кој го отстранува целулитот и масните наслаги. Жените ширум светот го сметаат за магичен начин за слабеење и затегнување на кожата.

Како делува кавитацијата?

  • создава меурчиња во масното ткиво
  • ги дестабилизира масните клетки и ја уништува нивната структура
  • стимулира ослободување на масти од масните клетки

Што се случува со кожата по овој третман?

Кавитацијата е ефикасна поради тоа што ја намалува видливоста на целулитот, што значи дека кожата изгледа мазна и затегната. Овој процес стимулира површинска циркулација и со тоа создавање на колаген, што на кожата и ја враќа еластичноста и цврстината. А токму тоа е целта на третманот – топење на масните наслаги и отстранување на целулитот од кожата.

Уште по првата интервенција со 3Д Кавитација или ултразвучните радио бранови, обемот на бутовите или стомакот (во зависност од регијата кој се третира). Оваа промена во обемот може да варира од 1-3 цм, но ако имате многу масни наслаги нема да биде веднаш видлива со голо око.

Закажете го вашиот термин во студиото за убавина La Sensa и подгответе го вашето тело за летните денови. Мазна и нежна кожа без целулит за само неколку третмани!

Прегледи:
637
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
22.05.2020