Новогодишните реклами создадени во овој период од годината, традиционално воодушевваат, носејќи силна приказна во себе и будејќи силни емоции.
Кога ќе те убедат дека не си доволно добар и кога тоа ти го повторуваат постојано, ќе почнеш и сам да веруваш во таа лага. Токму тоа е прикажано и во ова прекрасно видео со пчеличките кои не се свесни дека можат да летаат, бидејќи ги учеле дека нивните крилја се премали. На крај, тие сфаќаат дека ништо не е невозможно. Погледнете го видеото и уживајте!