Категории

Верувале или не – Овие намирници имаат “нула калории”

Теоријата зад храната која има „нула калории“ или т.н. негативен калориски индекс е многу едноставна – толку е диетална, што вашиот организам ќе искористи повеќе калории за да ја свари, отколку што сте внеле со конзумирање на истата. Затоа, токму овие намирници се препорачуваат при диети, а покрај „негативните“ калории на вашиот организам му даваат и многу хранливи материи.

Аспарагус (27 калории – 1 чаша)

Содржи големи количини на аминокиселини кои имаат диуретски својства, па се одлични за чистење на организмот од алкохол и други токсини. Содржи витамини А, Ц, Е, К, Б6, железо…

Брокула (31 калории – 1 чаша)

Богата е со витамини и минерали, има силни антиоксидантни својства.

Зелка (22 калории – 1 чаша)

Преполна е со витамини, минерали, влакна и фитонутритиенти. Одлична е за детоксикација.

Зелена салата (5 калории – 1 чаша)

Постојат разни видови на зелена салата, можете да ја јадете во неограничени количини и нема да се здебелите. Зелената салата содржи витамин Б, фолна киселина…

Ротквици (37 калории – ½ чаша)

Богати се со железо, растителни влакна, фолна киселина и калиум. Тие се силен антиоксиданс.

Грејпфрут (39 калории половина овошје)

Содржи големи количини на витамин Ц, А, ликопен, фолна киселина, калиум и влакна.

Тиквички (20 калории – 1 чаша)

Содржат многу витамин А, како и растителни влакна.

Спанаќ (7 калории – 1 чаша)

Богат е со железо, фолна киселина и витамин К. Исто така, содржи бета – каротен, витамин Ц, како и лутеин.

02-nula-kalorii

Целер (16 калории – 1 чаша)

Содржи витамин А, Ц, фолна киселина и е одличен антиоксиданс.

Моркови, но свежи (22 калории – ½ чаша)

Морковите имаат многу малку заситени маснотии и се одличен извор на витамин Б1, Б3, Б6, Ц, А и К, потоа фолна киселина, магнезиум и калиум.

СОВЕТ

Обидете се еден оброк во денот да го направите исклучиво од овие намирници и резултатите на вагата ќе се покажат за брзо време.

Прегледи:
415
Категории:
Секојдневие
Објавено на:
13.05.2016