Категории

Вештачката интелигенција лансира своја ChatGpt апликација

ChatGpt лансира своја мобилна апликација.

Истата ќе биде целосно бесплатна, без реклами и со можност за гласовно внесување на пораките.

Корисниците ќе можат да поставуваат прашања, да добиваат совети, да учат, да истражуваат и многу повеќе.

Кога ја користите мобилната верзија, апликацијата ќе ја синхронизира вашата историја низ уредите така што она што сте го пребарувале последно, тоа ќе Ви се покаже.

Од компанијата велат дека лансирањето на апликацијата ќе започне во САД и наскоро ќе се прошири и низ другите земји.

Прегледи:
284
Објавено на:
19.05.2023