Категории

Вие имате право да кажете „НЕ!“ – Без грижа на совест!

Никому не должите никакво објаснување.

Во нашето друштво кое ни наметнува ставови дека сите треба добро да се согласуваат со секого, секој ден сме изложени на притисоци на секогаш да кужаве „Да“ на се. Размислете малку, колку пати сте рекле „Не“ кога некој ве замолил за некаква услуга, особено кога тоа ги пореметило вашите однапред испланирани планови.

Внимавајте, „можеби“, „можеби ќе видам ако имам време“, или „ќе ти се јавам“, не се рачуна. Се рачуна за кога веднаш сте рекле „Не!“.
Всушност, и кога кажуваме „Не“, често имаме потреба да се објаснуваме, па дури и да се извиниме за тоа. Како да не обзема некоја чудна грижа на совест, затоа што својот живот, обврски и својата среќа сме ја ставиле на пво место. Секако дека е во ред да им излезете во пресрет на блиските личности, но што кога тоа во реалноста е всушност проблем? Кога нешто не сакаме? Кога тоа што сме рекле „Да“ ни отсема парче среќа?

Затоа не велете „Можеби“, кажете „Не!“.
„Можеби ќе се видиме подоцна“
„Можеби и ќе можам да дојдам по тебе“
„Можеби и ќе ти ја позајмам таа кошула“
..Личностите кои од нас сакаат прифаќање всушност не го слушаат тоа „Можеби“, туку слушаат едноставно „Да!“.

Денес сите хронично патиме од недостаток на време, како имаме премалку часови во денот за да завршиме се. Често се жалиме дека немаме доволно време да се посветиме на себеси и нештата кои не прават среќни.
Уморни сме, исцрпени, цело време решаваме нешта според некои прописи за кои се чини дека нема крај, а ние и понатаму имаме идеа во главата дека ќе се појават прилики кога конечно ќе можеме да здивнеме, но едноставно тие прилики не постојат.

А тоа е уште една причина поради која имаме проблем да кажеме „Не!“

Овој мал збор може да направи голема разлика. Ќе откриете дека „Не!“во вашиот живот може да донесе повеќе време за вас самите. Затоа што времето во кое ќе се посветите само на себеси, нештата кои ве прават среќни – не е себичност. Тоа е она за кое сите се стремиме и кое на сите ни е потребно.

Прегледи:
698
Објавено на:
27.11.2019