Лав
И покрај малите недоразбирања со некој од вашите пријатели, расположението овие два дена ќе ви биде на ниво. На љубовно поле ве очекува мала промена, а тоа најверојатно ќе се случи во сабота вечер. Препуштете се на спонтаноста и дозволете чувствата да ве водат.
Девица
Влеговте во прекрасен период на љубов и љубовни остварувања. И конечно ќе ја имате можноста да ви се исполнат сите желби на тоа поле. Со својата харизма насекаде ќе плените и нема да можете да кренете глава од понуди од спротивниот пол. Следете ја својата интуиција и така ќе ги решите сите проблеми.
Вага
Вашиот социјален живот полека опаѓа. Потрудете се да бидете што покомуникативни и пољубезни за да запознаете нови, интересни луѓе. Можно е овој викенд да дознаете нешто што воопшто не го очекувате, затоа подгответе се. На љубовно поле сега за сега сѐ е во ред.
Шкорпија
Ве очекуваат два возбудливи дена, исполнети со многу позитивна енергија, а тоа ќе се должи на личноста што ќе ја сретнете после долго време. Внимавајте на вашиот однос и размислете дали ги повредувате чувствата на вашиот партнет со вашите постапки.