Стрелец
Не бидете тврдоглави и почнете да му верувате на партнерот. Ако не ви се јави еден ден, не значи дека ве изневерува. Oчекувајте емоционална средба со некој пријател што долго не сте го виделе. Внимавајте на вашето здравје.
Јарец
Вашата емоционална криза ќе биде на највисокото ниво. Можеби средбата со бившиот партнер ќе биде кривецот за тоа, но треба да се потрудите да бидете со исправена глава и секогаш насмеани. Очекувајте покана за кафе од стар пријател.
Водолија
И покрај лошиот старт на викендот, веќе во сабота попладне ќе се подобрат работите. Ова нека ви биде викенд за мали задоволства. Отидете во некој ресторан и изедете ја пицата за која долго време не можевте да соберете храброст. Една пица помалку или повеќе нема да ве здебели.
Риби
Можеби нема да ви оди во љубовта, но затоа се тука пријателите. Тие ќе направат такви планови, што ќе заборавите на сѐ негативно. Прошетка со пријателите до друг град звучи интересно, нели?