Пораката содржи десет смешни точки
Хартија со порака објавена на Твитер профил во која жената се потрудила да му објасни на својот маж како да се снајде сам додека таа е на пат го насмеа целиот свет.
„Ќерка ти е на факултет, не мораш повеќе да одиш по неа во школо. Затвори ја вратата од гаражата навечер и кога не си дома. Ако ја оставиш отворена, најдоброто сценарио е дека ќе ни дојдат непоканети гости ракуни или пак крадци ќе ги украдат твоите слики. Најлошто сценарио е дека крадците ќе ти украдат и автомобилот.
Кога надвор врне затвори ги прозорците, шпоретот се наоѓа покрај фрижидерот во случај да сакаш да зготвиш нешто.
Намести го алармат на 2:00 за да го затвориш замрзнувачот затоа што јас не сум тука да го направам тоа. Испраќај ми фотографија секое утро дека си го наместил креветот и ќе ти донесам посебен поклон од патувањето (немој да спиеш во гостината соба ако сакаш награда!)
Немој да набавиш куче, ќе ме нема само седум дена.
Се погрижив и за храната, ти оставив седум кутии со овесни снегулки за доручек, јагоди и тегла со путер од кикири, би требало да ти бидат доволно. Немој да трошиш пари и не потпишувај се на сметки во продавница додека ја користиш картичката затоа што тоа го правам јас а мојот потпис е само лоша копија на твојот.“