Култната бајка на Дизни била всушност вистинска приказна
Сите знаат за бајката „Убавицата и Ѕверот“, а историчарите собрале дури 23 варијации од целиот свет. Меѓутоа, современата верзија на класичната приказна ја напишала француската новелистка Габриел Сузан Барбо де Вилнев во 1740 и стана позната по Дизниевиот анимиран филм од 1991 година – која е зановата на вистински човек и неговото семејство.
Неговото име било Петрус Гонсалвус, односно Педро Гонзалес. Роден е негде околу 1537 година, Гонсалвус бил домородец од Канарските острови. Тој уште како дете бил продаден како роб, но не бил обичен роб. Педрус имал хипертироза, односно „синдром на влакнетост“, поради кој неговото тело и лице биле покриени со густа коса. Поради тоа го добил и името див човек.
Кога имал десет години, Гонсалвус бил подарен како поклон на францускиот крал Анриј II. Живеел на дворот повеќе од 40 години, под заштита на кралот и неговата сопруга Катарина де Медичи.
Анриј II имал посебен интерес за Гонсалвус. Наместо да го заклучи во кафез како што правеле многу робовласници во тоа време, тој му обезбедил угодден живот во палатата и образование како класичен џентлмен.
Гонсалвус се школувал и учел на начин како што улече сите аритократски момчиња, тој бил дури и по образован од многу млади аристократи. Во текот на своето престојување на кралскиот двор, Гонславус ја пронашол и својата љубов.
Тој ја запознал младата Катрин, позната по убавината во која веднаш се заљубил, а и таа му ја возвратила љубовта. Тие се венчале и имале седум деца, од кои четири ја наследиле болеста на татко им.
Петрус почонал во 1618 година, но се верува дека неговиот лик продолжил да живее, инспирирајќи ја бајката „Убавицата и Ѕверот“.