Карен и Колин не се типични родители. Пред 16 години Карен родила близнаци, Луис и Кајл, а потоа кога повторно била бремена, повторно носела близнаци.
https://www.youtube.com/watch?v=Yc1no_wJRO0
Две години подоцна Карен родила уште два сина, за после неколку години да се случи уште едно чудо. Верувале или не, оваа жена по трет пат носела близнаци, што навистина е реткост.
Не треба да се каже дека родителите имале полни раце работа со четирите мали синови, но оваа брачна двојка од Шкотска во целост ја прифатиле нивната улога на родители.
Десет години подоцна Карен и Колин добиле син и ќерка. Иако се големо семејство и воопшто не им е лесно да одгледуваат шест деца, оваа 41-годишна жена смета дека е благословена што три пати добиле близнаци.