Категории

Вклучете ги во секојдневната исхрана: Доколку имате проблем со варењето, консумирајте сливи!

Поради содржината на пектин, ова здраво овошје е многу важно во лечењето на хемороидите или цревните заболувања. Со регулирањето на варењето превентивно се делува против настанувањето на рак на дебело црево, а пектинот го намалува и холестеролот во крвта.

Сливите со помала количина на шеќери се подобри за лечење на разни тегоби, па затоа најмногу се препорачуваат киселкастите сорти. Сувата слива исто така е одличен лек доколку се консумира на празен желудик или еден час пред оброк.

 

Го штитат срцето

Еда свежа слива просечно содржи 113 мг калиум, минерал кој помага при контрола на високиот крвен притисок и кој го намалува ризикот од мозочен удар.

Го подобруваат памтењето

Само три до четири сливи дневно можат да помогнат да ги неутрализирате клетките на штетните слободни радикали, кои лошо влијаат врз помнењето.

Помагаат на здравјето на очите

Сливите особено се корисни за здрави очи. Фитонутриентите кои се наоѓаат во нив можат да помогнат да се намали ризикот од дегенерација на макулата, болест која се јавува најчесто кај постари личности.

Го намалуваат нивото на шеќер во крвта

Според канадските нутриционисти, сливите имаат низок гликемиски индекс, што значи дека можат да ви помогнат во контролата на нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од дијабетес тип 2.

Прегледи:
763
Објавено на:
23.08.2018