Ќе имате гости и немате идеја со каков десерт да ги послужите? Или пак сакате да ги заблажите вашите најмили, а немате доволно време и идеи? Во прилог можете да погледнете брз и едноставен рецепт за кој не ви е потребно многу време и финансии, а ќе задоволи сечиј гурмански вкус.
Состојки кои ви се потребни:
- 4 јаболки
- 1 дл вода
- 5 лажици шеќер
- малку цимет
- 200 гр. чоколада
- малку сецкани ореви
- шлаг или сладолед
Подготовка на десертот:
1. Излупете ги јаболките и издлабете ги. Ставете ги во сад за готвење. Додадете шеќер, цимет и вода. Нека се варат околу 10 минути.
2. Додека се варат јаболките подгответе чоколада. Растопете ја на пареа како што и вообичаено правите при подготовка на десерти.
3. Топлите јаболки ставете ги во здела,во средината наполнете дел од топеното чоколадо во кое сте измешале и сецкани ореви. Преку сето тоа прелијте уште чоколадо и по желба додадете шлаг или пак ако сакате топло-ладно тогаш сладолед.
Пријатен апетит!