Категории

Вкусни топчиња со сирење (РЕЦЕПТ)

За приготвување на ова вкусно предјадење не ви е потребно многу време.

Состојки:

  • 1 јајце
  • 150 гр брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/4 лажичка сол
  • 1/8 л млеко
  • 125 гр сирење
  • масло за готвење

Совет: Важно е маслото за готвење добро да се загрее на вистинската температура (190 °) за да ги задржи топчињата цели и крцкави.

Подготовка:
Размтете го јајцето. Во сад измешајте брашно, прашок за пециво, сол и малку бибер. Во средина ставете го јајцето.  Во смесата ставете 4 лажици млеко и добро измешајте. Потоа, истурете повеќе млеко додека смесата не почне да паѓа од лажицата во големи капки. Додадете го ренданото сирење и добро измешајте го. Истурете 5 см масло во плитка тава и добро загрејте го. Истурете го тестото во маслото со лажица и пржете 3-4 минути, додека топките не бидат кафеави од сите страни. Оставете ги накратко на салфетка да се исцедат, а потоа сервирајте ги на чинија. Добар апетит!

Прегледи:
680
Објавено на:
26.08.2019