Британските експерти од Универзитетот во Лестер предупредуваат за штетните ефекти на кофеинот за време на бременоста. Еве зошто идните мајки треба да ги избегнуваат омилениот црн пијалок…
Освен на трудниците кои обожуваат и конзумираат кафе, ова предупредување се однесува и на идните мајки кои конзумираат чај, газирани напитоци, чоколади и некои лекови кои се добиваат на рецепта.
Во некои предходни истражувања оваа година, американските експерти предупредиле дека бремените жени кои пијат две или повеќе кафиња дневно се наоѓаат под двојно поголем ризик за непосакувано абортирање од оние кои го избегнуваат кафето. Што се однесува да бебињата кои се раѓаат со доволна телесна тежина, кога ќе пораснат се поподложни ни различни болести, како што се зголемен крвен притисок, дијабетес и срцеви проблеми.
Британските експерти ова истрување го направиле врз 2.645 жени, кои биле на просечна старост од 30 години, кои биле помеѓу осма и дванаесета недела од бременоста. Просечното дневна доза кофеин која овие жени за внесувале била 159 милиграми, што значи дека во Британија таа е под препорачаното ниво од 200 милиграми. Се покажа дека дејството на кофеинот врз растењето на плодот скоро и да е еднакво со негативното влијание на алкохолот. Всушност, кај трудниците кои кознумираат една или две шољи кафе дневно (односно помеѓу 100 и 199 милиграми кофеин) ризикот од раѓање на недоволно тешко дете се зголемува за 20 одсто во однос на оние кои конзумираат помалку од 100 милиграми кофеин.
Кај трудниците кои конзумираат две до три шољи кафе дневно (односно 200 до 299 милиграми кофеин) тој ризик бил зголемен за 50 одсто.
Совет на британските експерти е уште пред зачнувањето и во текот на цела бременост максимално да се ограничи внесувањето на кофеин и тоа по можност да не поминува повеќе од 100 милиграми дневно.