Внимавајте кога јадете овошје – Оваа грешка може да доведе до здравствени потешкотии

Нутриционистите советуваат на кој начин треба да се консумира овошјето и што никако не смееме да правиме

Овошјето е преполно со минерали, витамини, протеини и прехрамбени влакна кои се потребни за правилно функционирање на организмот.
Меѓутоа содржи и доста фруктоза која може да ни наштети ако го конзумираме на погрешен начин.

Фруктозата е вид на едноставен шеќер кој му дава слаткост на овошјето. Како и секој друг шеќер, може значајно да го зголеми нивото на шеќерот во крвта во зависност од тоа кој вид на овошје јадеме.

Меѓу овошјата со највисок степен на фруктоза спаѓаат бананите, мангото, смоквите и грозјето. Доколку ги конзумираме во големи количини можат да предизвикаат нагли скок на шеќерот во крвта што може да доведе до грозница и вртоглавица. Освен тоа ја зголемуваат и желбата за слатко.

Овошјето како боровинки и малини содржи помало ниво на фруктоза и не влијае драстично врз промената на шеќерот во крвта.

За да се успори апсорпцијата на фруктоза, не треба да се откажете од овошјето со доста шеќер, наместо тоа можете да го комбинирате со други намирници.

Комбинацијата на овошје со маснотии или протеин ќе го забави растењето на шеќерот во крвта истакнуваат нутриционистите.
Затоа тие препорачуваат јаболката да се кознумираат во комбинација со путер од кикири, шумското овошје во комбинација со јогурт и грозјето во комбинација со сирење како здрави закуски.




Коментари

[fbcomments]