Категории

Во Англија пронајдена дрвена рака стара 2000 години

Археолозите пронашле мистериозна древна рака стара 2 000 години на дното на древен римски бунар во Англија.

Се претпоставува дека можеби раката била поставена како подарок за боговите.
Археолозите биле изненадени од квалитетот на раката која се уште била зачувана, што укажува на тоа дека би можела да има и поголемо значење.
Архролошкиот експерт за дрво, Мајкл Бамфорт во својот извештај напишал дека раката е фино изрезбана и на нејзината површина не може да се забележат траги од алат. Тој исто така забележал и дека раката е релативно витка и грациозна, па смета дека можеби е претставена рака на ситна возрасна личност, или адолесцент. Мајкл исто така претпоставува дека раката не е дел од некоја поголема скулптура, туку дека е самостојна- претставена и издвоена како некој вид на подарок.
Мајкл и неговиот тим биле изненадени што раката била во многу добра состојба, не само затоа што се воочило дека радиоактивниот јаглерод потекнува од периодот од 86-240 година од нашата ера, туку и затоа што бунарот бил полн со вода. Внатре во бунарот недостасува кислород, па можеби тоа допринело раката да се зачува.

Прегледи:
518
Објавено на:
27.06.2019