Категории

Во кое време од денот е најдобро да вежбате за да ја намалите вашата тежина

Можеби нема да ви се допадне или па на почетокот ќе ви треба малку мотивација, но фитнес експертите велат дека совршено време за вежбање е веднаш после будењето.

Пред оброкот и кафето, треба да започнете со тренинг за да добиете веднаш видливи резултати, но и да ги наполните батериите за претстојните активности.

Утрото е најдобро време поради овие причини:

Вежбањето ќе ве исцрпи и ќе ви ја зголеми потребата за појадок, а студиите покажуваат дека појадокот ги инспирира луѓето да донесуваат добри одлуки во остатокот од денот.

Голема е веројатноста дека после добро вежбање ќе посакате да јадете здрава храна до крајот на денот.

Ќе согорите 20% повеќе маснотии отколку кога вежбате во друг дел од денот.

Со потењето ќе ги отстраните сите токсини од вашето тело уште наутро.

Ќе го забрзате метаболизмот, а метаболизмот што работи побрзо троши повеќе маснотии и доведува до витко тело.

Ќе имате цел ден за да уживате, бидејки напорниот тренинг сте го одработиле на почетокот на денот.

Подобар и поквалитетен тренинг можете да направите наутро, затоа што наутро имате најмногу енергија.

Нивото на стрес ќе биде пониско во текот на денот поради количината на ендорфин што го ослободувате преку вежбање.

Прегледи:
603
Објавено на:
24.08.2019