Категории

Во Македонија 7 случаи на Корона вирус: Еве како да го препознаете?

Светот е претпазлив, а вие вреди да бидете информирани барем за најосновното – што е, кои се симптомите, како се пренесува? Секако, без паника, само бидете претпазливи.

Симптоми

Како и другите респираторни заболувања, инфекцијата со 2019-nCoV може да предизвика умерени симптоми вклучително: течење на носот, болки во грлото, кашлица и треска.

Ризична група се лицата со послаб имунолошки систем, односно децата и повозрасните лица.

Со оглед на тоа што симптомите се како на настинка, консултирајте се со лекар, но не кревајте паника, сепак во голем дел случаи може да се работи за обична настинка.

Како се пренесува?

Да, 2019-nCoV предизвикува респираторнo заболувањe и може да се пренесе од човек на човек, обично по близок контакт со заболен, на пример дома, на работно место или во здравствена установа.

Постои ли нешто што можеме да направиме за да се заштитиме?

Не постои вакцина против овој вирус, а основната хигиена е единствената која може да го намали ризикот.

Докторите се обидуваат да дадат подетални информации, но бидејќи се работи за релативно нов вирус, има уште многу да се проучува.

Сѐ уште не е познато колку долго преживува 2019-nCoV на површини, иако првичните информации сугерираат дека вирусот може да преживее неколку часа. Едноставни средства за дезинфекција можат да го уништат вирусот, со што веќе не е можно да зарази луѓе.

Дали е безбедно да се добие писмо или пакет од Кина?

Луѓето кои примаат пакети од Кина, не се изложени на ризик да заболат од новиот коронавирус (2019-nCoV). Од претходни сознанија и анализи, знаеме дека коронавирусите не преживуваат долго на предмети, како што се писма или пакети.

 

Извори: СЗО, Министерство за здравство

Прегледи:
774
Објавено на:
09.03.2020