Категории

Во минатото нема ништо ново, не гледајте таму – Гледајте кон иднината и она што доаѓа!

Единственото нешто во животот од кое треба да се плашиш е да гледаш назад. Да одиш на една страна а да гледаш на другата. Не е смешно, туку е и лудо. Немојте да мислите дека луѓето што ги познававте во минатото останаа такви какви што беа таму. Не се такви, ниту си ти. Тие се сменија, животот менува сè. И побрзо отколку што можете да замислите. И тој треба да биде прифатен како таков. И да знаете дека сите овие се само различни фази кои доаѓаат и си одат и времето само продолжува.

Ако сакате да импресионирате некого денес, прво импресионирајте се себеси. Соништата кои нема да бидат само потсетник на некои стари времиња, туку патоказ по кој се движите и денес. Воодушевете се денес со односите што ги имате со другите. Имајте трпение, нежност и емпатија. И навикнете ги луѓето околу вас на малку добрина. Подигнете ги стандардите за почит и одречете се од минато свршено време. Таму веќе никој не живее. Одете во насоката во која оди вашата душа.

Прегледи:
465
Објавено на:
27.12.2021