Категории

Во најсеверниот град во светот никој не умрел веќе 69 години!

Освен што ја носи титулата на најсеверно населен град во светот, норвешкиот град Longyearbyen е посебен и поради една друга причина. Имено, во него никој не умрел полни 69 години бидејќи умирањето е забрането со закон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sasa’s.World. (@sasas.world) on

Дури и доколку сте живееле тука цел живот, ако ви се случи да оболите од терминална болест, ќе морате да отпатувате на некој од островите и смртта да ја дочекате на друго место. Ако се случи да умрете ненадејно, вашето тело ќе биде итно однесено и закопано на островот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Planet Earth 🌎 (@discovery.hd) on

Ако мислите дека ова е навистина бизарен закон, во право сте, но позади него стои важно објаснување: заштита на жителите.

Во далечната 1950. година откриено е дека телата закопани на градските гробишта не се распаѓаат поради тоа што тлото е постојано замрзнато, а како резултат на тоа вирусите во телата можат да преживеат и постои ризик од зарази за населението.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Northern Norway Tourist Board (@northernnorway) on


Иако ова звучи како сценарио за хорор филм, нешто слично се случило и на северот од Сибир, каде што дошло до епидемија на антракс во 2016. година. Причина за епидемијата се сметала заразата од труповите на дивите животни кои се наоѓале под замрзнатото тло кое при наглото растење на температурата се стопило. Тогаш умрела една личност, а 90 завршиле во болница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Podlasinska (@perovskia) on


Населението на пописот за жители во 2015. броело 2.144 жители, а на островот владее арктичка клима со летни температури од три до седум степени Целзиусови, а зимно време температурата паѓа до минус 13. Поларната ноќ трае 111 ден (од крајот на октомври до средина на март владее тотален мрак).