Категории

Во последните 40 години изумреле 600 милиони птици, од кои 237 милиони врапчиња

За 40 години во Европа исчезнале 600 милиони единки диви птици, од кои 237 врапчиња, се наведува во новата студија за птиците гнездарки во ЕУ.

 

Покрај врапчињата се наведува дека исчезнале 97 милиони жолти плиски, и по 75 милиони сколовранци и полски чучулиги.

Како се наведува, меѓу птиците гнездарки во Европската унија за 40 години исчезнала секоја шеста птица.

Се проценува вкупен пад на популацијата помеѓу 17 и 19 посто, што претставува губиток кој изнесува меѓу 560 и 620 милиони птици единки.

Се наведува дека во реалноста се изгубени дури 900 милиони единки, што е намалено со зголемувањето на популацијата на одредени видови од околу 340 милиони единки.

Прегледи:
421
Објавено на:
17.11.2021